Мијатовиќ во конфликт со навивачите, хаос по вечното дерби (видео)

Партизан по голема борба загуби од Црвена Звезда со 1-2 во вечното дерби на српскиот фудбал во кое „црно-белите“ добро му парираа на актуелниот првак, што сепак беше недоволно за да се стигнне со позитивен резултат.

Навивачите сепак беа разочарани од исходот, па по мечот влегоа во конфликт со еден од водечките луѓе во клубот, легендарниот голгетер Предраг Мијатовиќ.

Од видеото објавено по социјалните мрежи се гледа како Мијатовиќ најпрвин се обидува да објасни, но потоа ги губи нервите и влегува во жесток вербален кофликт со навивачите кои се наоѓаа пред неговата ложа.

За момент страстите целосно зовреа, но за среќа еден од членовите на управата успеа да го тргне Мијатовиќ од ложата, со што беше спречен уште поголем конфликт.

Се вчитува...