Мијатовиќ за се побезобразниот Винисиус: „Разочаран сум, мора да се смири, тоа му штети…“

Бразилецот Винисиус Јуниор повторно беше во центарот на вниманието и на синоќешниот натпревар на Реал Мадрид на гостувањето против Реал Сосиедад, на кој неговиот тим славеше со 0-2 а тој беше стрелец од пенал на првиот гол и го изнуди вториот пенал кој го реализираше Килијан Мбапе.

Но, беше во центарот на вниманието, повторно поради односот кон противничките навивачи на кои им покажа да молчат а потоа вперувајќи го прстот кон нив.

Разочарани од неговото однесување се и навивачите на Реал Мадрид, но и бројни легенди на клубот. Синоќа и Предраг Мијатовиќ не можеше да го премолчи тоа гостувајќи на шпанската телевизија.

„Мора малку да се смири по се што се случуваше претходните месеци. Многу сум разочаран од неговите прослави“ – рече Мијатовиќ и дополни:

„Не знам зошто тоа го прави. Тоа му штети навистина. Многу луѓе со кои разговарам, меѓу кои и многу навивачи на Реал се разочарани од неговиот однос“.

И синоќа Вини не престана да зборува на теренот. Константно приговараше, во еден момент и намерно насрна на еден противнички фудбалер, но мина неказнето. Следеа потоа свирежи за овој потег, па и тогаш Бразилецот се одлучи да им покажува на навивачите да молчат.

Речиси да не постои стадион во Шпанија, освен „Сантијаго Бернабеу“, каде Винисиус го сакаат. Едноставно е најнеомилениот противнички фудбалер на Пиринеите.

Се вчитува...