Винисиус беше стрелец на единствениот гол за Реал Мадрид во синоќешното реми против Лајпциг, но Бразилецот се најде во центарот на вниманието не поради голот, туку односот на теренот.
Тој имаше среќа да го доврши мечот откако доби само жолт картон за удирање на противнички фудбалер во второто полувреме, критики пристигнуваат од германските медиуми и фудбалери, но неочекувано меѓу најгласните е поранешниот ас на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ.
„Сите гледаат дека талентот е тука, дека може да направи разлика со еден потег. Сепак, не разбирам како може во Реал Мадрид да не го научат дека мора да го промени однесувањето. Ова не личеше на ништо, тој врескаше и на противниците, но и на своите соиграчи. Никогаш нема да биде вбројувам меѓу најголемите фудбалери ако не го промени тоа, и тоа да го промени што поскоро. Згора на тоа, игра во Реал Мадрид, каде добро знам дека таквите работи не се дозволени“, изјави Мијатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА