Мерцедес потврди дека Мик Шумахер, синот на славниот седумкратен шампион Михаел, повеќе нема да биде резервен возач на „сребрената стрела“.
Германецот ја исполнуваше оваа улога две години работејќи на симулаторот и давајќи повратни информации за тестовите и трките. Во исто време, тој се натпреваруваше за Алпин во Светскиот шампионат во издржливост, чија екипа ја зазеде 22-та позиција во конкуренцијата „хиперавтомобили“.
„Благодарен сум на Волф и на целиот тим на Мерцедес за увидот стекнат во изминатите две години. Дефинитивно ме направија поискусен возач бидејќи подобро ја запознав инженерската страна. Но, тешко е да се гледаат овие автомобили како се тркаат и да не седите во пилотската кабина. Сакам да се вратам на целосно концентрирање на трките. Сакам да бидам целосно посветен на спортската страна на мотоспортот“, изјави Мик Шумахер.
За следната сезона само едно место останува празно – во тимот на РБ, каде последна надеж е Шумахер да обезбеди ангажман во Формула 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА