Мик Шумахер: Се уште не сум подготвен за Формула 1

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, признава дека се уште не е подготвен да застане на стартната линија во Формула 1. Младиот Шумахер минатиот месец наполни 18 години, исто колку што има дебитантот во новата сезона, Ленс Строл, и поголем од Макс Верстапен, кога Холанѓанецот дебитираше во Ф1. Но, иако уште од мал е во автомотоспортот, Мик Шумахер за германските медиуми изјави дека не сака ништо да форсира во својата кариера и дека ќе оди чекор по чекор.

Mick-Schumacher-02

Минатата сезона тој возеше во Формула 4, а оваа сезона прв пат ќе се натпреварува во Формула 3, во која возеа и Строл и Верстапен#– вели Мик Шумахер.

sumaher ferari

Синот на седумкратниот Ф1 шампион веќе го привлече вниманието на Ферари и на Мерцедес од каде изразија интерс тој да се приклучи во нивните академии. Мерцедес му дадоа и посебно признание како младински амбасадор на брендот Мерцедес Бенц.

mik sumaher mercedes

Новото искуство во Формула 3, за младиот Шумахер почнува овој викенд на патеката „Силверстоун“ на која ќе се вози првата трка од престојната сезона.

Се вчитува...