Двојниот светски првак во Формула 1, Мика Хакинен, се врати во тимот на Мекларен со кој во 1998 и во 1999 година ги освои двете титули во кариерата. Финецот ќе биде дел од координативниот тим на Мекларен, за кој настапи на 130 трки. Хакинен ќе работи со извршниот директор Зак Браун, а ќе биде и дел од маркетинг одделот на Мекларен.
„Секогаш сум се чувствувал како дел од Мекларен, тоа е моето семејство. Така што сега можам да кажам дека се враќам дома. Последните години беа многу тешки за тимот и мораме да работиме напорно за да вратиме на некогашните победнички патеки. Јас никогаш не сум престанал да верувам и знам дека сега е вистинското време да се вратам таму каде што ми е местото, во Мекларен и во Формула 1“, изјави Мика Хакинен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА