„Мика од мал се воодушевуваше на атмосферата во Србија“

Мика Муринен, финскиот репрезентативец кој блесна на Евробаскетот е на добар пат да ја продолжи кариерата во Србија. Партизан води активни преговори за трансфер на 18-годишникот со раскошен талент со што овој трансфер брзо стана во центарот на вниманието на кошаркарската јавност.

За него сега говореше и неговата мајка која откри дека нејзиниот син од мал ги следел натпреварите на српските евролигаши кои приредуваат фантастична атмосфера.

„Ќе видиме што ќе биде откако ќе се завршат преговорите. Ќе кажам само дека Мика уште од мал се воодушевуваше на атмосферата на места како Србија или Панатинаикос. Тој сака интензивна атмосфера“, изјави мајката на Финецот.

Се вчитува...