Најдобрата алпска скијачка на сите времиња Микаела Шифрин стигна и до петтата победа во исто толку трки во новата сезона во слалом во алпско скијање откако вечерва победи на трката во австрискиот ски-центар Земеринг.
Шифрин до победата стигна со неверојатна втора трка, откако по првата беше дури петтопласирана со вкупно време од 1:48.82 минута. Второто место и припадна на Швајцарката Камил Раст која на крајот доцнеше само девет стотинки зад времето на победничката. Подиумот го надополни Лара Колтури од Албанија со заостанување од 57 стотинки зад Шифрин.
На оваа трка настапи и нашата Јана Атанасовска која не успеаја да ја заврши првата трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

