Амариканската скијачка Микаела Шифрин е 12.освојувачка на „Снежната кралица“, слаломската трка од Светскиот куп која се одржа на Слијеме, над Загреб. Актуелната победничка во Светскиот куп, како и водечка во генералниот пласман оваа сезона, славеше со 1,59 секунди предност пред Австријката Венди Холденер и им приреди реприза на своите фанови во Загреб од 2013 и од 2015 година.
Третото место и припадна на шведската тенисерка Фрида Хандсотер, која заостана убедливи 2,11 секунди зад победничката Шифрин.
„Мојот идол е Јаница Костелиќ и сакам да ги достигнам нејзините височини во скијањето“, изјави Американката Шифрин по триумфот.
Утре на Слијеме ќе настапат најдобрите натпреварувачи во слалом, додека скијачките се селат на Крањска Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА