Микаела Шифрин е освојувачка на големиот кристален глобус во женска конкуренција откако денеска го освои второто место во супервелеслаломската трка и со тоа стигна до својот четврти голем кристален глобус со што се израмни со легендарната сонародничка Линдзи Вон.
До победата стигна Норвежанката, Рагилд Мовинкел која супервелеслаломската патека во Куршевел ја помина за време од 1:13.68 минути. Подиумот го надополни Мишел Гизин од Швајцарија која доцнеше 13 стоти делови од секундата зад времето на победничката.
Во супервелеслалом малиот кристален глобус уште од претходно го имаше осигурано Италијанката Федерика Брињоне која денеска заврши на 19. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА