Микаела Шифрин е победничката на слаломот во Јасна, Словачка. Новиот успех на американската скијачка и ја донесе и рекордната 95-та победа во Светскиот куп.
Шифрин победи со резултат 1:48:21 минути и ја задржа предноста од првиот спуст пред Зринка Љутиќ од Хрватска со оглед на тоа што Американката стекна предност од 0.52 секунди.
Љутиќ ја заврши трката со 0.14 секунди зад Шифрин и го освои второто место, што е нејзин најдобар резултат во кариерата. Третото место и припадна на Швеѓанката Ана Свен Ларсон која заостана 0.81 секунди од првото место.
За Шифрин тоа е 150. пласман на пиедесталот со што се доближи до рекордот на Швеѓанката Ингемара Стенмарка.
And Shiffrin pulls it off by a hair ‼️😅 0.14 seconds earns @mikaelashiffrin win #95!!!! What a weekend in Jasna 🇸🇰 #stifelusskiteam pic.twitter.com/vBxvux131d
— U.S. Ski & Snowboard Team (@usskiteam) January 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА