Микаела Шифрин го почна златниот поход во Оре, стана светска шампионка во супервелеслалом

Микаела Шифрин ја потврдува доминацијата во светското скијање. Освои злато уште на првата дисциплина на планетарниот алпски шампионат во Оре. Триумфираше на супервелеслаомската трка кој го отвори првнеството во шведскиот скијачки центар.

Американката беше за две стотинки побрза од сребрената Италијанка Софија Гоџа и го впиша четвртиот златен медал од светските првенства. Претходно, имаше три злата во слалом, а од претходниот шампионат во Сент Мориц имаше и сребрен медал во велеслалом.

Бронзата со пет стотинки заостанување ја освои Швајцарката Корин Зутер. На трката се појави и Линдзи Вон за која настапите во Оре се последни во кариерата, но таа не успеа да стигне до целта.

Следна дисциплина во женска конкуренција е спустот закажан за в недела, а на шампионатот од утре почнуваат и скијачите кои ќе се борат за медалите во супервелеслалом.

 

 

Се вчитува...