Најдобрата скијачка во историјата и рекордерка по победи во Светскиот куп во алпско скијање, Микаела Шифрин одлучи да ја прекине соработката со својот долгогодишен тренер Мајк Деј, објави Американската скијачка асоцијација.
Шифрин моментално е на Светското првенство каде во четврток ќе настапи во велеслалом. Оваа сезона, Шифрин успеа да го собори рекордот на Линдзи Вон од 82 победи во Светскиот куп во женска конкуренција и дојде на една победа од апсолутниот рекорд од 86 победи што го држеше Ингемар Стенмарк.
„По седум сезони работа со Мајк, решив да влезам во следната фаза од кариерата со нов тренер. Сакам да му се заблагодарам на Мајк и да му оддадам признание за целата негова работа и посветеност во последните неколку години“, рече Шифрин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА