Микаела Шифрин најдобра на супер-џи трката во Сент Мориц

Најдобрата алпска скијачка на денешницата, Микаела Шифрин е победничка на супервелеслаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц.

Американката до победата стигна со време од 1:13.62 минута, што беше за 12 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка, Елена Куртони. Подиумот го надополни Роман Мирадоли од Франција која доцнеше 4о стотинки зад времето на победничката.

По божиќната пауза дамите се селат во австриски Земеринг каде на 27. декември ќе се вози велеслалом.

Се вчитува...