Микаела Шифрин се враќа во Светскиот куп

Најдобрата скијачка во светот, Микаела Шифрин најави дека ќе се обиде да се врати во Светскиот куп, откако поради смртта на нејзиниот татко ги пропушти сите трки од почетокот на февруари.

„Успеав малку да скијам и тренирам последните неколку недели, но тоа беше спор процес. Се мачев со одржување на фокусот колку и да можам, но за мене времето поминато на планина ми послужи како терапија. Почувствував дека тренингот е местото на кое сум поблиску до татко ми“, напиша Шифрин на социјалните мрежи.

 Дамите викендов  требаше германскиот Офтершванг, но поради лошото време се откажани слаломската и велеслаломската трка. Следната недела тие ќе бидат во шведски Оре, каде се очекува Шифрин да го има првиот настап по смртта на татко и.

Се вчитува...