Mикаела Шифрин славеше на ноќниот слалом во Флакау

Најдобрата скијачка на сите времиња, Микаела Шифрин стигна до 94. победа во кариерата во Светскиот куп во алпско скијање откако вечерва славеше на ноќниот слалом во австрискиот ски-центар Флакау.

Американката до победата стигна со вкупно време од 1:49.35 минута, што беше за 27 стоти делови од секундата подобро од нејзината најголема ривалка, Словачката, Петра Влхова.

Подиумот го надополни Сара Хектор од Шведска со заостанување од 1.11 секунда зад времето на победничката.

 

Се вчитува...