Америкнската скијачка ѕвезда, Микаела Шифрин докажува дека е најдобрата слаломистка во модерната ера. Таа ја освои четвртата светска титула во најтехничката дисциплина од Алпските планетарни собири и стана првата во историја со врзани златни успеси на четири последовни шампионати во една дисциплина. Доминацијата на Шифрин трае од 2013 година во Шладминг, преку Бивер Крик во 2015, потоа во Сент Мориц во 2017 година.
Таа триумфираше на последниот натпреварувачки ден во женска конкуренција на Светското првнество во Оре во драматичната трка во која Влхова освои бронза, а водечката по првото возење, Венди Холденер имаше катастрофална втора сесија.
Шифрин имаше вкупно време од 1.57.05 минути, сребрената Швеѓанка Ана Свен Ларсон заостана 58 стотинки, а Влхова за бронзата имаше заостанување од 1.03 секунди. Швајцарката Венди Холденер која водеше по првата трка на крајот заврши на разочарувачкото 17. место.
За Микаела Шифрин ова е трет медал од шампионатот во Оре, освои злато во супервелеслалом и бронза во велеслаом. Светското првнество завршува утре со трката во слалом во машка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА