Микел открива: Го киднапираа татко ми за време на СП, а тогаш ми се јави Роман Абрамович…

Киднапирањето на таткото на Луис Дијаз се уште е главна тема во фудбалската јавност, а Џон Оби Микел денеска обелодени дека и неговиот татко бил грабнат од непознати сторители во Нигерија, за време на СП 2018.

„Се подготвував, требаше да играме со Аргентина, кога добив повик и дознав дека татко ми е киднапиран. Можете да замислите, бев шокиран, не можев да кажам никому во прв момент, само седев на столче и ништо не зборував. Замислете, треба да излезете на терен против Меси, а пред мечот ја добивате најлошата можна вест“, обелодени Микел.

Нигерискиот играч за врска добил огромна помош од тогашниот сопственик на Челси, Роман Абрамович.

„Кога веќе се дозна што се случило добив повик од Роман Абрамович. Тој ми рече: Сакаш ли да пратам мои луѓе таму, ако пратам луѓе, ќе го спасиме татко ти. Го прашав како планира да го направи тоа, само ми одговори да не се грижам, дека тоа е опција и дека ако сакам може да го среди“, открива екс-фудбалерот на Челси.

Тој не обелоденува дали дал „амин“ за Абрамович да реагира, но четири дена по киднапирањето, неговиот татко бил пуштен на слобода.

Се вчитува...