Микец и Аруновиќ го донесоа првиот златен медал за Србија на ЛОИ во Париз!

Микс парот во стрелаштво на 10 метри со воздушен пиштол, Дамир Микец и Зорана Аруновиќ го донесоа првиот медал за Србија на Летните олмиписки игри во Париз, откако во финалето во оваа дисциплина славеа над турскиот пар, Илајда Севал Талхан и Јусуф Дикец со 16-14.

Во мечот за бронзата микс двојката на Индија Ману Бакер и Сарабјот Синг беа подобри од Јужнокорејската фаворизирана двојка Вонхо Ли и Џин Је Ох со 16-10 во рунди.

Се вчитува...