ЕКИПА во Прага
Горан Бошев
ФОТО: Роберт Спасовски
Македонскиот национален тим утре ја очекува натпревар со Украина во 6. коло во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година во Германија.
Дефанзивецот на Украина, Витали Миколенко вели дека ова е најважниот натпревар за нив во овие квалификации досега.
„За играта на Македонија подобро е да го прашате селекторот. Моја работа е да излезам на терен и да играм. Имаат многу добра напаѓачка линија, добри се во контра напади. Мислам дека ќе се обидат да ја одиграат истата игра како во Скопје. Овој меч за нас е најважен. Ако не земеме три бода, ќе ни биде многу тешко“, изјави Миколенко.
Натпреварот меѓу Украина и Македонија кој ќе се игра во Прага е закажан за утре со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА