Шкендија со предност од 1-0 ќе патува во Молдавија на реванш мечот против Шериф Тираспол, во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Бесарт Ибраими беше стрелец на победничкиот гол од слободен удар, а голманот на гостите, Звонимир Микулиќ, смета дека Шериф и покрај минималната негатива има реални шанси за пласман во следната рунда од елитното европско клупско натпреварување.
„Загубивме, но имаме реални шанси за пласман понатаму. Верувам дека имаме капацитет да ја надоместиме негативата од 1-0 на домашен терен во Молдавија. Шкендија е квалитетен тим, но ние веруваме во успех“, изјави Микулиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА