Мила Рељиќ ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во Кина

Најдобрата македонска таеквондистка Мила Рељиќ ќе ја претставува Македонија на Светското првенство кое наредниве денови ќе се одржи во Кина.

Мила за Кина замина заедно со нејзиниот тренер, проф. Александар Ефримов, во желбата за нов успех на македонското таеквондо.

„Македонската таеквондо федерација ги подмири сите трошоци за ова големо G14 натпреварување. МТФ на чело со претседателот и селектор д-р Борче Костовски посакува медал за нашата Мила, бидејки таеквондото е водечки спорт во државата. Само во овој олимписки спорт е можен медал од СП на македонски спортист“ – порачаа од Македонската таеквондо федерација.

Се вчитува...