Милан без двајца стартери, но се враќа и еден важен првотимец

Милан врза две победи во низа по стартниот шокантен пораз од Кремонезе, а „росонерите“ викендов ги очекува незгодна задача на гостувањето против Удинезе.

Тренерот Алегри се уште не може да смета на Рафаел Леао кој се повреди на куп-мечот со Бари пред стартот на калчолигашката сезона, португалскиот ас веќе две седмици е во тренажен процес, но се уште не е доволно фит за да може да дебитира во Серија А сезонава. Покрај него, мечот во Удине ќе го пропушти и првиот голман Мајк Мењон, кој исто така е повреден и воопшто нема да патува со тимот на ова гостување.

Добра вест за Алегри е камбекот на еден значаен првотимец – Кристијан Пулишиќ е стопроцентно фит по повредата што ја здоби при настап за селекцијата на САД. Тој влезе како резерва во вториот дел на претходниот дуел со Болоња, но Пулишиќ ќе биде сигурен стартер, настапувајќи во нападот заедно со Нкунку, кој исто така беше резерва против Болоња, но викендов е најавен меѓу првите единаесетмина на „росонерите“.

Се вчитува...