Милан без клучен играч на мегдан со Црвена Звезда

Милан загуби на гостувањето против Аталанта, но тренерот Фонсека покрај загубените бодови има уште еден проблем – повредата што ја заработи Кристијан Пулишиќ.

Американскиот репрезентативец настрада при еден дуел со Пашалиќ и мораше да биде заменет уште во 38. минута, а за денеска се закажни детални лекарски прегледи. Она што е сигурно, Пулишиќ нема да може да настапи за Милан на претстојниот меч од Лигата на Шампионите против Црвена Звезда, а крајно неизвесно е дали тој ќе може да се појави на теренот на наредниот дуел од домашното првенство против Џенова.

Пулишиќ е еден од најдобрите фудбалери на Милан сезонава, со пет гола и четири асистенции во Серија А, а неговото место против Црвена Звезда би требало да го заземе Чуквуезе.

Се вчитува...