Италијанскиот калчолигаш Милан ремизираше без голови против АЕК Атина на „Сан Сиро“, но и понатаму со седум бода го чува првото место на табелата во групата Д од Лигата на Европа. „Росонерите“ имаа неколку шанси, на Локатели му беше поништен гол поради офсајд позиција, шанси имаа и Андре Силва, Сусо и Кутроне, но АЕК сепак си замина со еден бод од Милано.
Во Елбасан, мечот кој беше најавен како ризичен, дуелот меѓу Скендербег и Партизан, помина ептен мирољубиво. И на теренот, и на трибините, а на крајот реми без голови. Српскиот тим имаше подобри шанси, но немаше среќа, погодувајќи и греда и дирек во последните неколку минути од мечот.
Лион го совлада Евертон на гости со 1-2 и можеби му пресуди на менаџерот Роналд Куман. Фекир од пенал и Траоре беа стрелци за францускиот тим, а Ешли Вилијамс постигна погодок за Евертон.
Ријека славеше на гости против Австрија Виена со 1-2, со двата гола на Марио Гаврановиќ и погодокот на Квржиќ. Фризенбихлер во самата завршница погоди за домаќинот. Леонард Жута го одигра целиот меч за составот на хрватскиот првак.
Хофенхајм со 3-1 го победи Башакшехир на домашен терен. Хубнер, Амири и Шулц со голови во второто полувреме ги декласираа гостите од Турција, а Наполеони погоди за Башакшехир. Аталанта исто така со 3-1 го совлада Аполон Лимасол.
Лига Европа, резултати
Група А: Вилјареал – Славија Прага 2-2, Астана – Макаби ТА 4-0
Група Б: Динамо Киев – Јанг Бојс 2-2, Скендербег – Партизан 0-0
Група Ц: Брага – Лудогорец 0-2, Хофенхајм – Башакшехир 3-1
Група Д: Милан – АЕК 0-0, Австрија Виена – Ријека 1-3
Група Е: Аталанта – Аполон Лимасол 3-1, Евертон – Лион 1-2
Група Ф: Шериф – Локомотив Москва 1-1, Злин – ФК Копенхаген 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА