„Дерби дела Мадонина“, градската пресметка меѓу Интер и Милан отсекогаш го привлекувала вниманието на италијанската фудбалска јавност, а сега страстите се дополнително разгорени, затоа што и двата клуба имаат големи амбиции во оваа сезона. Интер стартуваше подобро, а Милан треба да се врати во победнички ритам, ако сака да конкурира за позициите за ЛШ.
Но, тренерот Винченцо Монтела ќе има проблеми за утрешниот дуел. Хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ ќе ги пропушти следните два натпревари на Милан откако повредата на бутниот мускул се покажа посериозна отколку што во прв момент се веруваше.
Тимскиот доктор на „росонерите“ најави дека учеството на Калиниќ во „Дерби дела мадонина“ е неизвесно, но италијанските медиуми јавуваат дека напаѓачот воопшто не тренирал во петокот и речиси сигурно нема да игра против Интер. 29-годишниот хрватски интернационалец постигна два гола во седум настапи за Милан по трансферот од Фиорентина ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА