Милан без тројца важни играчи отпатува за Торино

Милан мора да оди на победа на вечерашното гостување во Торино, но задачаа е дополнително отежната откако тренерот Пиоли во последен момент остана без тројца важни фудбалери за овој натпревар.

Имено, со остатокот од тимот за Торино воопшто не отпатуваа Ибрахимовиќ, Ребиќ и Бенасер, кои бea најавувани како стартери, но вечерва нема да можат да излезат на теренот во таборот на гостинскиот тим. Според првичните информации станува збор за повреди што не се премногу сериозни, но точната дијагноза ќе се знае по прегледите што ќе бидат извршени во текот на утрешниот ден.

Покрај триото првотимци, Пиоли нема да може да смета ниту на Саму Кастилјехо, шпанскиот крилен офанзивец кој вообичаено средбите ги почнува од клупата за резерви.

Се вчитува...