Милан блиску до договор со „отпишаниот“ од Челси

Милан е пред потпис со играчот на Челси, Рубен Лофтус-Чик. Разговорите се во напредна фаза, а наскоро би требало да дојде до потпис на договорот.

Англичанецот не е приоритет на „сините“ оваа сезона, по што ќе може да си бара нова средина. Челси планира во летниот преоден рок да ја „исчисти соблекувалната“ со вишокот на играчи, кои ги има многу во „сините“.

Лофтус Чик играше во минатото и за Кристал Палас и Фулам, а има и 10 натпревари за англиската репрезентација. Покрај него од тимот речиси сигурно ќе си заминат и Обамејанг, Пулишиќ, Менди, Закарија, Зијеш, Галагер, а можеби и ќе си одат Канте, Ковачиќ, Стерлинг, Кулибали…

Се вчитува...