Милан деновиве со официјална понуда до Наполи за Елиф Елмас!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и дефинитивно е трансферна цел на Милан ова лето. Како што пренесуваат италијанските медиуми веќе е потврдено од таборот на „росонерите“ дека наредниве денови ќе следи официјалната понуда до Наполи за купување на македонскиот „дијамант“.

Милан силно атакува по услугите на Елмас затоа што во клубот се смета дека е играч кој може подеднакво да одговори на потребите и за пополнување на играта и во средниот ред, но и во самите офанзивни линии. Како факт повеќе во определбата на Милан да тргне по ангажман на Елмас, е и тоа што веќе тимот од Милано ја губи битката со ПСЖ за доведување на Ренато Санчез.

Италијанските медиуми информираат дека откако Милан добил официјална информација од Де Лаурентис околу тоа на колку е проценет Елмас, наредниве денови ќе се следи и официјалната понуда од „миланезите“ за купување на македонскиот „дијамант“.

Наполи го плати Елмас 16 милиони евра при трансферот од Фенербахче, а македонскиот репрезентативец сега има договор со Наполи до 2025 година. Според најавите, се очекува Милан да испрати понуда од 35 милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец.

Елмас настапи на 46 средби за Наполи во сите натпреварувања минатата сезона, притоа постигнувајќи седум гола, дополнети и со шест асистенции.

Се вчитува...