Милан десеткуван – се повредија уште двајца првотимци

Милан со огромни проблеми ја дочекува новата 2023 година откако италијанскиот првак има бројни отсуства пред премиерниот меч во продолжението од сезоната.

Од поодамна повредени се Мењан, Ибрахимовиќ, Ориги, Крунис, Месијас и Флоренци, а на последниот контролен меч со ПСВ Ајндховен повреди заработија уште двајца првотимци, и тоа дефанзивецот Бало Туре и крилниот офанзивец Анте Ребиќ. Хрватскиот интернационалец има проблем со мускулот на ногата и ќе отсуствува околу 20 дена, додека Туре го повреди рамото и лекарите му препорачаа мирување од околу еден месец.

За утрешниот меч со Салернитана стручниот штаб во тимот ќе го нема ниту Оливие Жиру, кој подоцна се приклучи на тренинзите бидејќи со Франција настапи во финалето на СП, меч на кој заработи и ситна повреда.

Се вчитува...