Милан го добива посакуваното засилување во нападот

Милан зимскиот преоден рок ќе го отвори со ангажман на нов фудбалер од Премиерлигата. Станува збор за Никлас Фулкруг, Германецот од редовите на Вест Хем Јунајтед кој ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната.

Искусниот 32-годишен фудбалер се пресели во редовите на „чекичарите“ како големо засилување, но не успеа да го покажа својот квалитет во Лондон. Оваа сезона се уште чека на првиот гол, па англискиот тим повеќе нема трпение и во својата лоша сезона.

Фулкург ќе премине во Милано како позајмен фудбалер, а на крајот на сезоната „росонерите“ ќе имаат можност и да го откупат неговиот договор во редност од 12 милиони евра.

Лекарските прегледи се очекува да бидат завршени пред Божиќ со тоа што тој би му се ставил на располагање на Милан веќе на стартот на 2026 година.

Се вчитува...