Резултатската криза на Милан продолжи и по средбата против Лацио во 27. коло, натпревар во кој „росонерите“ забележаа пораз во 98. минута. Тој наиде на уште поголемо разочарување кај гневните навивачи кои бараат промена на целото раководство.
Прв кој се наоѓа на листата за заминување е тренерот Сержо Консеисао, но до нова промена нема да дојде, барем не до крајот на сезоната, откриваат италијанските медиуми.
Директорите Ибрахимовиќ и Монкада имаше разговор со фудбалерите по вчерашниот пораз на кој било посочена довербата кон Португалецот.
Милан доживеа елиминација во Лигата на Шампионите, нареди и три порази во Серија А во низа па направи и огромен чекор назад кон амбициите да заврши на едно од првите четири места на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

