Сериозен фудбалски потрес во Италија по отказот од Милан за легендата на клубот Паоло Малдини кој изминативе неколку сезони ја вршеше функцијата на технички директор.
Навивачите на клубот го сметаат Малдини за клучна фигура на патот до минатогодишната титулата, но и најзаслужен за продолжената соработка со Рафаел Леао.
Навивачите со неверица ја дочекаа одлуката на клубот, но дополнително „збеснаа“ од објаснувањето во соопштението, не верувајќи на каков начин, со кратко соопштение и без објаснување, се брка легендата од клубот.
„Милан соопштува дека Паоло Малдини ја завршува својата улога во клубот, која беше ефективна до 5. јуни оваа година. Му благодариме за услугите во улогата која ја имаше, тој придонесе да се вратиме во Лигата на шампионите и да го освоиме Скудетото минатата сезона. Неговите секојдневни активности сега ќе бидат поделени меѓу менаџерот на првиот тим и извршниот директор“ – се вели во краткото соопштение од Милан за отказот на Малдини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА