Италијанскиот калчолигаш Милан, кој ја елиминира Шкендија во плејоф колото за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, е „страшен“ во второто по ранг европско натпреварување. „Росонерите“ со 1-5 ја декласираа Австрија Виена, во мечот во кој Андре Силва постигна хет – трик, а во листата на стрелците се запишаа и Чалханоглу и Сусо. За Австрија Виена почесен гол постигна Борковиќ.
All Goals & highlights – Austria Wien 1-5 AC… by sharleenguglielmo
Риека загуби на домашен терен со 1-2, а Леонард Жута беше во првиот состав на хрватскиот првак.
Аталанта го декласира Евертон со 3-0. Уште во првиот дел, Масиело, Гомез и Кристанте беа стрелци на погодоците за италијанскиот калчолигаш.
All Goals & highlights – Atalanta 3-0 Everton… by goalsarena2017
Вилјареал со 3-1 го совлада Астана, а Хофенхајм на домашен терен загуби со Брага (1-2).
Лига Европа, резултати
Група А: Славија Прага – Макаби Тел Авив 1-0, Вилјареал – Астана 3-1
Група Б: Динамо Киев – Скендербег 3-1, Јанг Бојс – Партизан 1-1
Група Ц: Хофенхајм – Брага 1-2, Башакшехир – Лудогорец 0-0
Група Д: Австрија Виена – Милан 1-5, Риека – АЕК 1-2
Група Е: Аполон Лимасол – Лион 1-1, Аталанта – Евертон 3-0
Група Ф: Копенхаген – Локомотив Москва 0-0, Злин – Шериф 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА