Милан е во „минус“ од 100 милиони евра, Гвардиола ќе го искористи тоа

Поразот на Милан од Болоња значеше апсолутна катастрофа за тимот од „Сан Сиро“, не само поради фактот дека остана ез куп-трофеј, туку поради тоа што „росонерите“ дефинитивно нема да бидат дел од европските натпреварувања во следната сезона.

Ако се земат во предвид и скапите инвестиции во текот на овој шампионат, проценетиот минус на „росонерите“ од добро упатени извори изнесува најмалку 100 милиони евра. Газдите на клубот не планираат дополнителни инвестиции додека оваа загуба не биде покриена, па јасно е дека најмалку двајца од клучните фудбалери ќе мора да бидат продадени за да има буџет за нови засилувања во летниот преоден рок.

Прв на листата на заминување се очекува да биде Тијани Рејндерс, одличниот холандски плејмејкер кој се наоѓа високо на листата со желби на Манчестер Сити. „Граѓаните“ имаа понуда од 60 милиони евра одбиена во јануари, но овојпат ситуацијата е поинаква, Милан е во ситуација да мора да продава, а Сити е подготвен да понуди 70 милиони евра за да го официјализира трансферот уште пред почетокот на јулскиот преоден рок.

Станува збор за играч за кого Гвардиола има исклучително високо мислење, а управата на клубот е подготвена да ги исполни сите желби на трофејниот стратег за да не се повтори оваа катастрофална сезона.

Се вчитува...