Милан експресно најде замена за Малик Тио

Милан е на добар пат да го официјализира најновото засилување оваа сезона во името Кони де Винтер кој ќе пристигне во „росонерските“ редови од Џенова во трансфер вреден 20 милиони евра.

Според италијанските медиуми вербален договор помеѓу Милан и Џенова е веќе постигнат, постигнат е и договор со фудбалерот за личните услови па останува уште Белгиецот да ги помине медицинските прегледи и италијанските клубови да ја завршат парирологијата.

Дваесетитригодишникот на „Сан Сиро“ пристигнува како замена за Малик Тијау кој ќе реализира трансфер вреден 40 милиони евра во Њукасл Јунајтед.

Се вчитува...