Милан ги дава Де Шилјо и Ромањоли во Јуве, за да го добие Бонучи

Милан сака да ја засили одбранбената линија со шесткратниот првак на Италија, Леонардо Бонучи. Иако звучи изненадувачки, „росонерите“ се подготвени да се откажат од Матија Де Шилјо и Алесио Ромањоли за услугите на најдобриот дефанзивец на Јувентус. Во понудата е вклучена и одредена сума за „старата дама“, засега непозната, а италијанските медиуми шпекулираат дека доколку Бонучи прифати преселба на „Сан Сиро“, ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Раководството на Милан доставило јасна порака до шампионот на Италија, а Јувентус  има 72 часа да одлучи дали ќе ја прифати понудата.

Бонучи потпиша нов договор во декември минатата година, со кој се обврза до 2021 година. Една од главните причини за новиот договор беше надежта на клубот дека со тоа ќе се намали интересот за него од неколку европски гиганти. Познато е дека Челси беше подготвен да оддели богатство за Бонучи, а идентична понуда имаше и од Сити.

Милан веќе донесе осум нови фудбалери ова лето и има амбициозен проект по доаѓањето на новите кинески инвеститори.

  

Се вчитува...