Милан ги израдува фановите: „Сан Сиро“ ќе биде исполнет со 50% од капицитетот

Италијанскиот фудбалски гигант Милан утре ќе ги пушти во продажба влезниците за првиот домашен натпревар во новата сезона од Серија А.

„Росонерите“ на 29 август на стартот на калчо-лигата ќе му бидат домаќини на Калјари. Седумкратниот европски шампион објави дека стадионот – „Сан Сиро“ ќе биде отворен со 50% од капацитетот.

Милан најави дека во новата сезона ќе бидат пуштени во продажба дополнително влезници само за одредени натпревари.

Се вчитува...