Рафаел Леао и Милан ги прекинаа преговорите за нов договор, а навивачите на „росонерите“ се во шок за оваа разврска, со оглед дека очекуваа Португалецот да го продолжи договорот.
Меѓутоа преговорите се прекинати, наводно директорот Паоло Малдини се налутил на новите барања на фудбалерот. Според италијанските медиуми, причина за прекинот на преговорите се две работи: првата е клаузулата, а втората платата на играчот.
И додека за платата на играчот двете страни се блиску (Милан нуди 6,5 милиони по сезона, а играчот бара 7), повеќе проблематична е клаузулата. Милан сакал таа да изнесува 150 милиони евра за откуп, додека фудбалерот барал да биде само 70 милиони.
Милан тоа категорично го одбил, и може лесно да се случи Леао да го напушти тимот, со оглед дека за него има интерес од гигантите како Реал, Сити, Челси…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА