Милан ги презентираше летните засилувања, Модриќ доби овации, па го победија Бари во Купот на Италија (ВИДЕО)

Милан вечерва на „Сан Сиро“ ги презентираше своите летни засилувања како најава за новата сезона.

Огромни се очекувањата на „миланезите“ од престојната сезона во која очекуваат враќање на врвот во Серија А.

А, големи се очекувањата и од новите засилувања.

Нормално најголеми овации доживеа кој друг ако не Лука Модриќ. Хрватот играл многу пати на иконскиот стадион во Милано, каде што ја освои Лигата на шампионите во 2016 година, но вечервашниот пречек ќе го памети засекогаш.

Кога излезе од тунелот, го пречекаа 70.000 навивачи на трибините кои го извикуваа неговото презиме по објавата на водителот. Модриќ не можеше да ги запре и солзите, што многу зборува за тоа колку беше воодушевен.

А, потоа во дуелот од првото коло во Купот на Италија, „миланезите“ со 2-0 го победија Бари. Стрелци на головите беа Леао во 14. минута и Пулишиќ во 47. минута.

Лука Модриќ во игра влезе во 65. минута од средбата.

Се вчитува...