Милан се подготвува за креирање на шампионски тим за следната сезона, па уште од сега почна со ангажман на засилувања. Јасно е дека „росонерите“ ќе добијат неколку нови имиња за идната сезона, за да може да бидат поконкурентни во битката за титулата. „Росонерите“ и сега се во трка за шампионскиот трофеј, и во моментов се лидери, но имаат жестока конкуренција во Наполи и Интер.
Милан наводно се договорил со стоперот Свен Ботман од Лил. Ботман има 22 години, и пред него е светла иднина, и тој ќе треба да биде засилување за одбраната на тимот. Но, веројатно тој нема да биде единствениот од оваа екипа кој ќе пристигне на „Сан Сиро“. На пат е и португалскиот играч за врска Ренато Санчез кој исто така е во завршни преговори.
Милан има добро исксутво со играчи од Лил. Пред почетокот на оваа сезона го ангажираже Мајк Мињан како замена за Донарума, и се покажа како полн погодок.
Ботман потекнува од фудбалската школа на Ајакс, а играше за Херенвен. Веќе две години е во Лил, а оваа сезона играше на 21 натпревар за францускиот тим, постигнувајќи три гола. На „Сан Сиро“ ќе пристигне за околу 30 милиони евра.
Исто така Милан е блиску да го донесе и Дивок Ориги од Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА