Душан Влаховиќ долго се надеваше дека ќе успее да го комплетира летниот трансфер од Јувентус во Милан, но оваа желба на Србинот речиси сигурно нема да се исполни откако раководството на „росонерите“ во последен момент го промени планот, решавајќи вниманието да го насочи кон Расмус Хојлунд.
Екс-голгетерот на Аталанта не ја криеше желбата летово да се врати назад на Апенинскиот полуостров, Манчестер Јунајтед бараше 40 милиони евра за неговиот трансфер, но ситуацијата се промени откако „црвените ѓаволи“ тргнаа во офанзива по Шешко од Лајпциг. Словенецот во следните 48 часа ќе се пресели на „Олд Трафорд“, што уште пошироко ќе ја отвори вратата за заминување на Хојлунд.
„Росонерите“ ќе испратат понуда за позајмица без задолжителна клаузула за откуп, што целосно им одговара ако се земе во предвид влошената финансиска состојба поради необезбедениот пласман во европските купови. Згора на тоа, Хојлунд би земал плата под шест милиони евра, што е речиси двојно пониско од она што го бара Влаховиќ, па јасно е зошто управата на Милан реши да ги стопира преговорите со Јуве за Србинот и вниманието целосно го насочи кон данскиот интернационалец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

