Милан го носи Бернардо Силва од Сити за крај на преодниот рок

Иако и досега беше максимално активен низ преодниот рок, Милан се очекува во самиот финиш да доведе уште два нови играчи за новата сезона.

Претходно „росонерите“ се засилија со Алесандро Флоренци, Оливие Гиру како и голманот Мањан, но деновиве се очекува „бомба“ на Сан Сиро. Милан работи на доведување на Бернардо Силва од Манчестер сити.

Според најавите Милан ќе се обиде да го доведе на двегодишна позајмица за 15 милиони фунти, па потоа за дополнителни 30 милиони да го отплати по истекот на договорот за позајмица.

Новата сезона во Серија А „миланезите“ ја стартуваат во понеделник со гостувањето против Сампдорија.

Се вчитува...