Милан го откупи асот на Челси

Милан реши уште една важна работа во составот за наредната сезона откако „росонерите“ донесоа одлука да го откупат договорот на Фикајо Томори од Челси.

Англискиот дефанзивец во јануари пристигна на позајмица на „Сан Сиро“ и експресно се наметна како стандарден првотимец кај тренерот Пиоли, настапувајќи на 22 средби за „росонерите“. Челниците на Милан не криеја дека сакаат да го задржат, раководството на Челси не сакаше ни да чуе за намалување на сумата, па италијанскиот клуб беше принуден да плати 28,5 милиони евра, активирајќи ја клаузулата од договорот за позајмица.

„Со задоволство можеме да објавиме дека ја искористивме можноста за откупување на договорот на Томори од Челси. Тој ќе продолжи да настапува за нашиот тим до 30 јуни 2025 година“, се вели во клупското соопштение на Милан.

Се вчитува...