Милан продолжува со формирање на ростерот за наредната сезона, откако „росонерите“ го комплетираа ангажманот на Сандро Тонали од Бреша.
Младиот плејмејкер, кој го има прекарот „новиот Пирло“, пристигна минатата сезона на позајмица во Милан и ги оправда очекувањата на тренерот Пиоли и на раководството на клубот. Поради ова, „росонерите“ денеска и официјално ја активираа клаузулата за откуп на неговиот договор од Бреша, по што Тонали потпиша петгодишен договор со Милан.
Гигантот од Милано плати 17 милиони евра за трансферот, кој може да порасне до 20 милиони евра доколку бидат активирани неколку клаузули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА