Хрватот Анте Ребиќ и официјално продолжува во кариерата како нов фудбалер на Милан. Часови го делат од официјалната промоција во дресот на „миланезите“ кои се договорија да го купат од Ајнтрахт Франкфурт.
„Газета дело спорт“ пренесува дека двете страни веќе се договориле за останување на Ребиќ во Милано, а сето тоа се очекува официјално да биде објавено во текот на денешниот ден.
Ребиќ претходно во кариерата има настапувано и за Лајпциг, Верона и за Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

