Милан го потпиша Родригез: Едвај чекам да заиграм за „росонерите“

Милан е најактивниот италијански клуб на пазарот откако „росонерите“ денеска официјализираа уште еден трансфер. Рикардо Родригез од Волфсбург е нов член на тимот на Винченцо Монтела, откако 24-годишниот лев бек потпиша договор до јуни 2021 година.

Ова е прекрасен дрес, пресреќен сум што сум овде и едвај чекам да почнам да играм за „росонерите“. Ќе настапувам со бројот 68 бидејќи тоа е годината на раѓање на мојата мајка. Франко Барези е легенда, Џенаро Гатузо е еден од оние на кои им се воодушевував додека растев, исто така бев луд и по Роналдињо и по Малдини. Еднаш имам играно на „Сан Сиро“ и знам дека тоа е фантастичен стадион, очекувам без поголеми проблеми да се адаптирам во новата сезона. Наша цел е да дадеме се од себе во Лигата на Европа, а преку Серија А да се вратиме во Лигата на шампионите“ – изјави Родригез.

Аргентинецот е третото засилување на Милан летово, по Рикардо Мусакио од Вилјареал и Франк Кеси од Аталанта. Во завршна фаза се и преговорите за Билја од Лацио, а приоритет на тренерот Монтела е доведување на врвен голгетер, при што на врвот на листата со желби се Алваро Мората од Реал Мадрид и Диего Коста од Челси.

Се вчитува...