Милан го продаде Ребиќ, сега на ред е Круниќ

Милан го продолжува ремонтот во играчкиот кадар, „росонерите“ по бројните нови фудбалери се фокусираат и на продажба на дел од играчите на кои тренерот Пиоли не смета за новата сезона.

Анте Ребиќ во текот на вчерашниот ден го комплетираше трансферот во Бешикташ, а по стапките на хрватскиот напаѓач би требал да тргне и Раде Круниќ, кој има на маса понуда од Турција. Фенербахче е клубот кој сака да го доведе Круниќ во своите редови, а до Милан веќе пристигнала и понуда од 15 милиони евра за овој фудбалер за врска.

„Росонерите“ планираат да го продадат Круниќ доколку фудбалерот сака да си замине, па веднаш потоа да ангажираат уште еден нов фудбалер за врска. Станува збор за Тему Копмајнерс, холандскиот репрезентативец од таборот на Аталанта за чии услуги Милан е подготвен да плати 30 милиони евра.

Се вчитува...