Милан работи активно на доведување на нови фудбалери во тимот, но „росонерите“ денеска завршија и едно заминување, откако беше дадено зелено светло за Жан Карло Симиќ да го напушти „Сан Сиро“.
Младиот српски фудбалер на 18-годишна возраст дебитираше за „росонерите“, имаше четири настапи во Калчо-лигата и два во Копа Италија, но не го криеше разочарувањето што не доби поголема минутажа. Откако Пауло Фонсека јасно стави до знаење дека не смета сериозно на српскиот тинејџер беше преговарано со неколку клубови, а победник од трката излезе Андерлехт.
Белгискиот гигант денеска го официјализираше трансферот на Симиќ потпишувајќи договор на пет сезони со овој фудбалер, откако се договори со Милан за отштета од три милиони евра плус 20 проценти од следниот трансфер на Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА