Италијанскиот фудбалски шампион Милан е подготвен да го продаде хрватскиот напаѓач, Анте Ребиќ, но не за помалку од 20 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Ребиќ стигна во Милан во летото 2019 година на позајмица од Ајнтрахт, а година дена подоцна „росонерите“ го откупија неговиот договор. Поранешниот хрватски репрезентативец импресионираше со своите игри во првите две сезони постигнувајќи 23 гола.
Меѓутоа, следуваа низа на повреди и послаби настапи минатата сезона во која Милан успеа да стигне до титулата во Серија А, а тој постигна само три гола. Италијанските медиуми пренесуваат дека доаѓањето на Дивок Ориџи ќе значи крај за Хрватот.
Пред доаѓањето на „Сан сиро“, покрај за Ајнтрахт Франкфурт, Ребиќ настапуваше и за Сплит, Фиорентина, Лајпциг и Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА